Пејачката Тијана Милентијевиќ, попозната како „Жена од султана“, повторно ја воодушеви, но и подели јавноста со својата најнова објава на Инстаграм.
Откако ослабела 12 килограми и ја вратила витата линија, Тијана Милентијевиќ почесто ги воодушевува следбениците со заводливи комбинации. Овој пат позираше во долг, елегантен беж-фустан, кој совршено ја истакнува нејзината фигура.
Но вниманието го украде длабокиот отвор на половината, поради кој многумина се запрашаа – дали Тијана воопшто носи долна облека?
Одговор до критичарите
Иако изгледот ѝ донесе бројни комплименти, пејачката повторно се соочи со коментари кои ја критикуваа – било за стилот, било за килограмите. Таа искрено им возврати:
Поврзани објави
Кога ќе се облечам провокативно – пекол од коментари. Кога ќе облечам нешто скромно – пак лошо: ‘Изгледа како баба, а има само 25 години’. Кога се здебелив од здравствени причини – пак пекол, а никој не прашува зошто. Кога ослабев – ми го блокираат Инстаграм од пораки: ‘Како ослабна? Кажи ни совет!’. Искрено, не знам што да кажам – не е фер.“
Планови за иднината
И покрај провокациите и критиките, Тијана признава дека приватно е среќна – во интервју за Информер откри дека со своето момче, гитаристот Дарко Симиќ, сонува за голема и хармонична семејна иднина.
Фото: Инстаграм