Почетна Убавина и здравјеЕстетските зафати ја уништија, па се криеше од светот, а сега повторно блеска: Линда Евангелиста изгледа како девојка!

Естетските зафати ја уништија, па се криеше од светот, а сега повторно блеска: Линда Евангелиста изгледа како девојка!

од nenad
2 минути читај за

Супермоделката Линда Евангелиста ги воодушевила обожавателите со својот младешки изглед на прославата по повод 50 години „Зара“

Супермоделката Линда Евангелиста ги воодушевила обожавателите со својот младешки изглед по повод 50-годишнината на брендот „Зара“.

Линда била една од 50-те модни икони кои се собрале за да го обележаат големиот јубилеј на оваа продавница на светскиот пазар, а нејзината безвременска убавина брзо стана една од главните теми на социјалните мрежи.

Во објава на Инстаграм, Линда им се заблагодарила на „Зара“ за поканата:

„Многу бев возбудена што бев поканета да придонесам со свој дизајн покрај вака неверојатна група на 50 таленти кои слават 50 години Зара со креации по мерка! Да си ја видам наметката изложена покрај прекрасен стаклен сет на Мар Њуз беше дефинитивно неверојатен момент. Среќен 50. роденден, Зара.“

Обожавателите се воодушевени

Додека многумина му ја честитале годишнината на брендот, други биле комплетно фокусирани на изгледот на Линда.

Еден корисник искоментирал:

„Толку си убава, драга моја“.

Друг додал:

„Изгледаш величествено!“, додека трет напишал: „И понатаму си една од најубавите жени на светот.“


Поврзани објави

Комплиментите се нижеле, а обожавателите истакнувале дека Линда изгледа апсолутно прекрасно и елегантно.

Спектакуларен проект на Стивен Мејзел

Во чест на 50-годишнината на „Зара“, познатиот фотограф Стивен Мејзел креирал голема видео-колаборација во која учествуваат 50 најпознати светски модели. Проектот го организирала Марта Ортега Перез како посвета за долгогодишното пријателство со Мејзел и нивната заедничка љубов кон модата и креативноста.

За потребите на кампањата, моделите првпат биле снимени заедно како ја изведуваат песната I Feel Love од Дона Самер. Филмот беше објавен на 9 мај 2025 година, точно 50 години по отворањето на првата продавница на „Зара“ во Ла Коруња.

Креативноста како срцето на брендот

Зборувајќи за кампањата, Ортега Перез изјавила:

„Креативноста е срцето на Зара, тоа е карактеристиката што нè дефинира. Овој неверојатен филм на Стивен Мејзел е израз на креативната слобода и магијата која секогаш сакаме да ја создаваме.“

Додала и дека во филмот учествуваат 50 популарни светски модели.

„Тие се славни поради својата убавина, но и поради својот карактер, индивидуалност и сила, славејќи ја Зара и нејзините 50 години.“

Ѕвездената актерска екипа вклучила и други модели, како Наоми Кембел, Синди Крафорд, Твиги и многу други.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм / lindaevangelista, Јутјуб