САД го поддржува силно европското интегрирање на Македонија и порача Габриел Ескобар, специјалниот американски претставник за Западен Балкан, да се видат Скопје и Софија во мирна и стабилна врска. На прашањето за односите помеѓу двете земји, посебно поради законите на Бугарија за обновување на ветот врз Македонија, Ескобар порача-
„Двете земји се вредни НАТО членки и сакаме да видиме дека имаат мирна и продуктивна врска. Сега ќе кажам за Северна Макеоднија, ние силно ја поддржуваме интеграцијата на Северна Макеоднија кон Европската Унија што е можно побрзо и ќе поддржиме се што ќе ги однесе таму брзо , се што ќе ги однесе таму мирно. Ние ќе продолжиме да работиме со владата на Северна Макеоднија, да им помогнеме да ги постигнат своите аспирации. Тие се екстремно добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат, како членка на ЕУ, тие ќе бидат продуктивна, сигурна, членка на ЕУ откако ќе влезат.“