Почетна Економија„Ер трактор“ учествува во гаснењето на пожарот кај Визбегово

„Ер трактор“ учествува во гаснењето на пожарот кај Визбегово

од nenad
1 минути читај за

Авион „ер трактор“ на Управата за заштита и спасување учествува во ликвидирањето на огнот на нелегалната депонија кај Визбегово.

Освен помошта од воздух, во гаснењето се ангажирани и огнеборци од Територијалната противпожарна служба на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“.

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека пожарот претставува опасност за пренесување кон соседните предели, а во близина има и домови.

„Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон“, велат од ЦУК.

Огнот започна денеска наутро, а во првичното соопштение дадено за МИА, командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, информираше дека интервенираат со четири возила.

Обилниот чад од пламенот се забележува од повеќе делови на градот, а граѓаните објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи.
ар/бак/Фото: МИА

Извор: МИА