Почетна Убавина и здравјеЕнтони Хопкинс: Не потценувајте жена со мал круг на пријатели

Ентони Хопкинс: Не потценувајте жена со мал круг на пријатели

од nenad
1 минути читај за

Жената која нема многу пријатели – или воопшто нема – е исклучително силна и самоуверена. Верувај ми. Научила дека квалитетот е поважен од квантитетот. Не ѝ се потребни куп луѓе за да ја потврдат нејзината вредност. Нејзината самодоверба не зависи од туѓите мислења – таа доаѓа од внатре. Не се плаши од осаменоста бидејќи знае колку вреди и колку е силна.

Внимателно избира кому ќе ја дава својата енергија и кого ќе пушти во својот живот. Таа видела што значат лажното пријателство, драма и озборувања – и решила да се дистанцира од сето тоа. Таа создаде мирен свет каде што нема непотребни компликации. И токму така таа е посреќна.

Нејзе не и требаат еден куп луѓе за да се чувствува исполнето. Удобно и е во сопствено друштво. Таа знае дека вистинските пријатели се ретки и повеќе би сакала да има неколку искрени отколку куп површни познаници.

Нејзиниот круг на луѓе го сочинуваат оние на кои безусловно им верува, оние кои со текот на времето ја докажале својата лојалност. Таа не губи време на бесмислени врски – нејзиното време е драгоцено и паметно го користи. Таа е жена која точно знае што сака и не се задоволува со помалку од она што го заслужува.

Затоа, ако сретнете жена која нема многу пријатели или има мал, внимателно одбран круг на блиски луѓе, не ја потценувајте. Таа е мирна, самоуверена и добро свесна за својата вредност.