Почетна Убавина и здравјеЕкспертка открива зошто многу парови ја губат сексуалната искра (и како да ја вратат!)

Експертка открива зошто многу парови ја губат сексуалната искра (и како да ја вратат!)

од nenad
2 минути читај за

Психолошката советничка Маријана Вуксановиќ, експертка за сексологија, не остави простор за табуа. Таа остро и отворено зборува за причините поради кои сексот исчезнува од спалната соба – и што треба да направиме за да го вратиме!

Сексот – таа најинтимна, но често премолчена територија во една врска – станува поле на криза кога животните обврски ќе го превземат приматот. Но дали навистина треба да се откажеме од страста кога стануваме родители, кога исчезнува мистеријата или кога партнерот заборава што е предигра?

Првата сексуална криза: „Каде исчезна страста?“

Ако никогаш не сте ја почувствувале, можеби не сте ја имале. Но ако сте ја имале – може да се врати!
Сè започнува со две прашања:

  1. Дали на почетокот имаше привлечност?

  2. Дали сте подготвени да работите на врската?

Ако одговорот е „да“ – тогаш нема место за паника, туку за акција. Блискоста се гради преку допир, разговор, флерт и време за двајца. Сексот не е само голотија – тоа е доверба, присуство, и емоционално огледало.

„Навистина ми се допаѓа тој допир…“ – а не: „Да знаеше кај ми е клиторисот!“

Тоналитетот со кој жената му го пренесува своето задоволство или незадоволство на партнерот е од клучно значење. Затоа, наместо сарказам – заведување. Наместо молк – инструкции. Но, сето тоа започнува со себепознавање.

Пост-секс ера?!

Телефоните, стресот, порнографијата – сето тоа ја турка интимноста во позадина. И додека зборуваме за „дигитална блискост“, реалната страст стивнува. А сепак, решението е едноставно – искрен разговор и повторна поврзаност.

Мама и тато водат љубов (или барем треба!)


Поврзани објави

Кога децата доаѓаат, страста најчесто оди на пауза. Но љубовта не мора да замре. Родителите треба свесно да одвојат време за себе – ако не за секс, барем за гушкање, бакнување или 10 минути без пелени и чинии.

Секс без партнер? – Зошто да не!

Жената не треба да чека принц за да го разбуди своето тело. Масажа, танц, свесна мастурбација – се дел од интимната револуција. Но не како механички ритуал – туку како емоционално поврзување со самата себе.

Болест ≠ крај на сексуалноста

И во болест, љубовта може да остане жива. Партнерството не е само секс – тоа е разбирање, поддршка и заедништво. А понекогаш, мастурбацијата може да биде здрав вентил за фрустрацијата, без чувство на вина.

Сакате да си ја зачините врската?

Пробајте ја мобилната игра за парови BLOSENESS – со прашања, задачи и предизвици што го враќаат жарот, блискоста и љубопитноста… директно од телефонот.

ЗАПОМНЕТЕ:

Не постои „нормален“ секс. Постојат само две прашања:
Што ми се допаѓа? и
Дали сум подготвен/а да зборувам за тоа?

Подготвила: Лидија Ќулибрк