Почетна Убавина и здравјеЕвтин производ што ги чисти и најтврдокорните нечистотии – Убавина и здравје

Евтин производ што ги чисти и најтврдокорните нечистотии – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Чистењето на одводот во туш-кабината нема веќе да ви задава главоболка

Чистењето на одводот во туш-кабината е една од домашните обврски што речиси никој не сака да ја прави, па затоа ви откриваме ефикасно решение со помош на кое ќе можете да го исчистите за миг! Сè што ви треба е сода бикарбона и врела вода. Многу е поделотворна во споредба со скапите хемикалии во продавниците, а за само 30 минути, одводот ќе биде беспрекорно чист.

Прво, ставете гумени ракавици за да ги заштитите дланките и отстранете го капакот од отворот. Потоа, треба да ги извлечете сите влакна што останале во одводот. Ако имате сајла или кука за чистење одвод, задолжително искористете ја.

Откако ќе ги исчистите сите можни блокади, сипете шолја сода бикарбона во одводот и оставете ја да дејствува 30 минути, а потоа, прелејте ја со зовриена вода. Тоа ќе помогне да се отстранат нечистотиите и непријатните мириси.


Поврзани објави

Создава пенлива реакција која може да помогне при отстранувањето на остатоците и нивното пробивање низ цевката. Помага за одзатнување, но и ги неутрализира непријатните мириси, оставајќи ги отворите на одводите почисти, со што ќе одбегнете идни затнувања.

Потоа, можете да го вратите капакот во отворот за одводот и да го користите тушот како и вообичаено.

Содата бикарбона е делотворна за чистење отвори затнати со коса и нечистотии, бидејќи е благо средство кое помага за разградување и отстранување органски материјали како коса, маснотии и остатоци од сапун.