Почетна ТехнологијаЕвропски сојуз за промена формираше пратеничка група

Европски сојуз за промена формираше пратеничка група

од nenad
2 минути читај за




Европскиот сојуз за промени – коалицијата од албански опозициски партии денеска одлучи да ги сплоти и пратениците во една пратеничка група. Ова меѓудругото го соопштија лидерите на трите партии, Алтернатива (Африм Гаши), Демократско двиѓење (Изет Меџити) и БЕСА (Билал Касами).Оттаму информираа дека „за координтарот на оваа група, со согласност од трите партии, се поставува пратеничката Сафије Садики Шаини, додека заменик-координатор пратеничката Мерита Коџаџику“.

   

„На овој начин, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности кои ги дава Деловникот на Собранието за пратеничките групи. Иако пратеничкиот мандат е при крај, сметаме дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на замјата, за што нашиот Сојуз е сериозно заинтересиран да помогне. Во овој правец, и формирањето на пратеничката група ќе биде додадена вредност во оваа соработка. Од тука сакаме на граѓаните да им ја соопштиме радосната вест дека нашето здружување расте и нашата моќ се зголемува“ велат од Сојузот.

Оттаму апелираа до претседателот на Собранието „да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој и следува на опозицијата, бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на Изборниот законик“.„Ние сме одлучни оваа битка да ја водиме се до целосното ослободување на Албанците од режимот на ДУИ и нивните чираци. Во овој пат ништо не не обесхрабрува. Напротив, колку повеќе сметаат дека не напаѓаат и попречуваат, ова само не прави посилни. Мнозинството од албанскиот народ во Северна Македонија, кој сакаше нас да не види заедно во овој Сојуз, сака промена и оваа лавина на промена никој не може да ја спречи. Ние сме тука само за да ја исполниме оваа обврска и вредно да работиме за да овозможиме успех на нашата заедничка иднина“ велат опозиционерите.