Почетна Убавина и здравјеЕве што сè мора да прави за да ги заработи! – Убавина и здравје

Еве што сè мора да прави за да ги заработи! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Малаика е домаќинка од Дубаи која не престанува да ја интригира јавноста

На социјалните мрежи е позната како Dubai Barbie, каде што го споделува својот луксузен живот со повеќе од 1,5 милиони следбеници. Малаика Раја секојдневно открива како е да се биде жена на милионер и домаќинка во Дубаи.

Нејзините видеа ги прикажуваат нејзините скапи шопинзи, раскошни козметички третмани и возења во розов Mercedes G-Wagon.

Малаика тврди дека од сопругот Мохамед Марикара месечно добива околу 29.000 евра за животни трошоци и дополнителни 185.000 евра за одржување на недвижнините.

Неодамна Малаика открила дека за раѓањето на второто дете, сопругот ѝ подарил вила вредна 1,7 милиони евра, розов Mercedes G-Wagon и осум чанти Dior – вкупно 3,5 милиони евра.

Во едно од нејзините видеа, таа ги покажува подароците што ги добила како „push presents“ – подарок од сопругот во знак на благодарност за породувањето. Во описот на видеото напишала:

„Скапо бебе. Како некој толку мал веќе успева да ја празни банковната сметка?“

Помеѓу даровите имало осум чанти Dior во вредност од 100.000 долари, белегзии од 80.000 долари, како и дневни постпородилни масажи за неа и за бебето во вредност од 10.000 долари.

Исто така, открила дека добила буџет од 50.000 долари месечно за облека за бебето, белегзија од 200.000 долари и златен накит во вредност од 70.000 за ќерката.

Освен што се претставува како домаќинка, Малаина нуди бесплатни семинари за тргување на својот инстаграм-профил.

Во едно од видеата, таа вели:


Поврзани објави

„Јас сум жена на милионер, единствената моја работа е да изгледам скапо! Да се биде домаќинка од Дубаи има свои предности и маани.“

Сепак, признала дека не е сè совршено – нејзиниот сопруг очекува секогаш да биде достапна за него и неговиот син.

Во едно од видеата што привлекле големо внимание, таа седи во луксузен автомобил и го прашува сопругот дали може да се премести на предното седиште.

„Не може“, ѝ одговара сопругот.

Кога го прашала зошто, тој ѝ кажал:

„Твоја работа е да го чуваш синот.“

Малаика претходно изјавила дека сопругот ѝ давал „само“ 70.000 евра за 24 часа, што предизвикало лавина од коментари.

Нејзините видеа предизвикуваат бурни, но поделени реакции – додека едни сонуваат за таков живот, други ја критикуваат.

„Ќе седам одзади само за да имам ваков живот!“, прокоментирал еден од нив.

ФОТО: Инстаграм