Јавноста се шокира по веста дека Саша Поповиќ почина по кратката и тешка болест
Саша Поповиќ, заедно со Лепа Брена и „Сладок грев“, правеше неверојатни музички спектакли во Југославија, во секоја држава на Балканот ги полнеа најголемите сали и стадиони. Па така, кога имале настап во Бугарија, не можел да одолее и да не отиде кај познатата пророчица баба Ванѓа.
Своевремено детално ја опишал својата средба со неа и открил што сѐ му кажала:
„Кога бевме на концерт во Бугарија, ни беше кажано дека во 11 часот имаме состанок со баба Ванѓа. Јас и Брена отидовме и добивме по две коцки шеќер. Ги завиткавме во салвета и ги ставивме под перница ноќта пред самата посета на Ванѓа. Утредента отидовме кај неа со коцките шеќер.
Нѐ предупредија дека не смееме да ѝ даваме пари или некои други материјални работи, бидејќи таа добила сѐ од државата, и автомобил и куќа и обезбедување. Цариникот сите нѐ прегледа, пешачевме километар, имаше шатори, а во нив луѓе кои ги делеа и 15 дена од закажаниот термин, илјадници луѓе. Тито четирипати бил кај Ванѓа, а таа му кажувала што да прави. Ванѓа разумно зборуваше српски.“
Тој и Брена пристигнале, Ванѓа ги пречекала, па Саша сакал прв да ја слушне својата судбина.
Поврзани објави
„Таа ми кажа да ги извадам очилата, јас ѝ кажав дека не носам, а таа ми кажа да не бидам безобразен и да запаметам сѐ што ќе ми каже. Потоа почна брзо да зборува: ‘Имаш 37 години, татко ти загинал во сообраќајна несреќа, мајка ти останала сама, престанала да пали свеќа за слава, предупреди ја.’
Па ми кажа дека црвениот автомобил ми е одличен, а јас го имав купено во Виена, па ми кажа да ги чувам документите. Ми кажа дека групата во која работам моментално нема да постои за една година, дека ќе се распадне. А ние тогаш, во август 1991 година, имавме дури 120.000 посетители на концерт.
Потоа, ми кажа дека јас ќе пеам и прсна од смеење. А јас бев единствениот од групата што не пееше. Потоа, ми кажа дека на 48 години ќе бидам на врвот на спрската естрада, а јас и Брена зачудено се погледнавме.“
Саша Поповиќ ја прашал и кога ќе се ожени.
„Таа ми кажа дека нема да се оженам во наредните 6 години. А мојата девојка тогаш беше бремена, во четврти месеци, на што Ванѓа ми кажа дека нема да биде ништо од тоа, дека нема да се роди детето и дека ќе раскинеме на 5 јануари. И сѐ се случи навистина така. И на крајот ми кажа дека ќе умрам на 86 години од природна смрт“, открил Саша Поповиќ за медиумите.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб