Почетна Убавина и здравје ЕВЕ што ни подготви поп-дивата! – Убавина и здравје

ЕВЕ што ни подготви поп-дивата! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Соработката помеѓу италијанскиот диџеј Дј Сперадајз и Елена Ристеска се роди пред повеќе од година дена, кога познатиот диџеј бараше соодветен вокал и мелодија за неговата тогашна трака која ќе излезе на сите музички платформи под капата на “Арџента рекордс” од Италија на 10ти декември 2022ра година. Откако пробаа голем број на пејачи да ја донесат песната, сепак единствено Елена успеа да ја испее според идејата на Франческо.Текстот на песната е на Елена и се вика “Тешко е да се сака”, односно ” Hard to be in love”. Единствено специфичниот вокал на Елена и прекрасната мелодија на македонскиот продуцент и композитор Лазар Цветковски успеаја да ја направат оваа песна совршена според замислата на овој диџеј воедно и аранжер , заедно со Алесандро Ло Нигро кој исто така работеше на аранжманот, и двајцата се од Италија.На денот на објава на социјалните медиуми и на сите музички интернет платформи, песната ќе биде истовремено премиерно пуштена на 10.000 радио станици во светот. Поврзани објавиЕлена оваа година слави 20години на македонската музичка сцена, откако првпат се појави и победи на аудициите на М2 во 2002ра година, на 22 декември. За прослава на овој јубилеј на сите нејзини фанови им ја поклонува оваа нова песна пред испраќање на 2022рата година.Италијанскиот диџеј Франческо Спарачело,ака Dj Sparadise (Лоди, 16 ноември 1982 година) е автор и на други артисти како Боби Соло, Рон Керол, Твинс, Тони Те и многу други на меѓународната сцена. Мултиинструменталист, целосно самоук, кариерата во музиката ја започнува во 2002 година работејќи со уметници како Шена, Макс Си, Андреа Пираз, Јаба, Стив Мек, Џаџ Жил, Беса, Ла Буш, Вернон Барнард, Рон. Керол, Џон Дејвис, Шарлот Де Мело, Рејес Херитиџ и многу други. Дваесет години работел во музички продукции од сите жанрови и како сесиски музичар во студио.Имал поддршка од многу диџеи како што се: Армин Ван Бурен, Лан Кери, Седрик Жервеј, Сандер Ван Дорн, Софи Френсис, Иван Гоф, Питер Луис, Basement Jazz, Groove Collective, Abel Ramos, Andi Durrant, Mr. Spring, Леонардо Вега, Флеш брадерс,Изгубени фреквенции, Рафаел Ниевес, дефект, Дејвид Вендета и многу други.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING