Почетна Убавина и здравјеЕве што вели таа! – Убавина и здравје

Еве што вели таа! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Контроверзната босанска пејачка Алма Туцаковиќ (45) веќе извесно време живее во Дубаи, а балканските медиуми наголемо пишуваа за наводите дека се омажила за шеик и започнала живот со него, како негова 23-та сопруга. Сепак, вистината се покажа сосема поинаква, пишува српски „Блиц“.

– Што се однесува до естрадата, се збогував со неа. Барем една година. Не сакам повеќе да пеам бидејќи се убедив себеси дека постои и друг, подобар живот што можам да го изградам. Прекрасно е тука. Уживам со својата пријателка, а редовно ги исполнувам и сите мои брачни обврски – рекла Алма своевремено за босанското списание „Експрес“.

 


Поврзани објави

Алма своевремено открила за „Блиц“ дека се преселила во Дубаи, но од шеикот ниту трага ниту глас.

– Луѓето се луди… до шеикот не може да дојде дури ниту неговата родена мајка – изјавилаАлма за „Блиц“ во тоа време и открила дека отишла во Дубаи за да заврши училиште за шминка и менаџмент за да заработи пари.

 

– Секогаш ми беше желба да се занимавам со шминкање. И завршив многу едукации за шминка и фризура, секако во Дубаи. Покрај тоа, завршив менаџмент и водев салон. Така што ги вплеткав прстите насекаде и еден ден кога ќе отворам свој бизнис ќе ми биде многу полесно. Имам уште неколку работи да завршам и ќе бидам подготвена за сè дотогаш! Сè ќе биде поврзано со убавината и здравјето. Секако, секој процес на градење бара време и многу сум среќна што сè оди како што треба.