Милан Тодоровиќ за првпат проговори по скандалот што ја потресе јавноста и откри дали ѝ дава поддршка на својата ќерка.
Таткото на пејачката Милица Тодоровиќ, Милан Тодоровиќ, за првпат се огласи откако во јавноста излегоа информации дека таткото на нејзиното дете е оженет. Целата Србија деновиве зборува за мистериозниот Н. М., откако неговата сопруга јавно проговори за проблемите со кои се соочува заедно со децата.
Иако скандалот предизвика бурни реакции, Милан истакнува дека не сака да навлегува во приватните односи на својата ќерка. Тој нагласува дека не е целосно запознаен со ситуацијата и дека смета оти тоа е работа исклучиво меѓу вклучените страни.
За тоа не знам многу, таа најдобро знае. Тоа е нивна работа и не сакам да навлегувам во детали“– изјави Тодоровиќ, задржувајќи воздржан став кон целата приказна.
Поврзани објави
Сепак, тој јасно стави до знаење дека стои зад својата ќерка без разлика на околностите.
Секој има свој живот, а јас сум тука само за да дадам поддршка“ – порача Милан, потенцирајќи дека семејството ѝ е најважно.
printskrin youtube – blic milica todorovic