Почетна Убавина и здравјеЕве кој ќе ја предводи делегацијата во Бургас – Убавина и здравје

Еве кој ќе ја предводи делегацијата во Бургас – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



МРТ најавува нов пристап кон изборот на претставникот, а овојпат јавноста треба да знае како е донесена одлуката.

По петгодишна пауза, Македонија официјално се враќа на Евровизија во 2027 година. Нашата земја ќе биде дел од 71-то издание на натпреварот во Бургас, а македонската делегација ќе ја предводат Јана Бурческа и Александра Јовановска.

Од МРТ најавуваат поинаков пристап при враќањето на натпреварот. Директорот Зоран Ристоски посочува дека јавниот сервис има поддршка од ЕБУ за промоција на македонските културни вредности, како и очекување за поповолни услови за учеството.


Поврзани објави

Особено внимание ќе има изборот на македонскиот претставник. Ристоски најавува дека повеќе нема да има нетранспарентна постапка и дека јавноста ќе знае по кои критериуми е избран кандидатот кој ќе ги брани македонските бои во Бургас. Кој ќе ја добие престижната евровизиска карта, засега останува отворено прашање.

И Евровизија официјално го одбележа враќањето на Македонија, објавувајќи видео со досегашните македонски претставници и порака за добредојде назад на музичкиот натпревар.

Screenshot youtube