Ким Кардашијан е забележана во често присуство на Одел Бекам Џуниор од Балтимор Равенс, а извори тврдат дека веќе извесно време „се забавуваат“.
Обожавателите реагираа на веста со голема радост.
Според извор на Deux U, реалити ѕвездата и основачка на марката Скимс и шампионот на Супер Боул, од неодамна излегуваат.
„Ким Кардашијан има нов љубовен интерес“, открива изворот.
И извори за Мирор тврдат дека двете ѕвезди се во романтична врска, иако – во овој момент, нема потврда или демант на веста.
Сепак, на фановите им требаше само малку да почнат да коментираат за новиот романтичен интерес на Ким Кардашијан.
Потсетуваме дека пред неколку години, Одел Бекам беше виден во друштво на Клое Кардашијан, но таа ги затвори сите гласини твитувајќи „Извинете што ви го пукнав балонот. Ние само испивме некој пијалок заедно и се тоа вам ви личи на интимност, која всушност ја нема“