Ако досега, негата на кожата на деколтето ви беше на последно место, летото е совршено време да ѝ посветите повеќе внимание.
Иако секојдневно нанесуваме серуми, креми и SPF на лицето, честопати забораваме на еден од најчувствителните и најотворените делови од телото , деколтето. Кожата на овој дел од телото е тенка, чувствителна и склона кон побрзо стареење, токму затоа што има помалку лојни жлезди и е почесто изложена на сонце, ветер и загадување.
Зошто е важна негата на кожата на деколтето?
Деколтето е првиот регион (по лицето, се разбира) кој открива знаци на стареење: фини линии, брчки, дамки од сонце и губење на еластичноста. Исто така, често го забораваме тоа кога нанесуваме производи за заштита од сонце, иако тука кожата е изложена на УВ зраци секој ден или преку блуза со V-изрез, раскопчана кошула или лесни летни фустани.
Како правилно да се грижите за кожата на деколтето?
Поврзани објави
Чистење – Исто како и лицето, така и деколтето треба да се чисти со благи препарати кои ги отстрануваат нечистотиите и потта без да ја исушат кожата. Користете пена или млеко за чистење, особено по потење или вежбање.
Ексфолијација – Еднаш или двапати неделно, правете нежен пилинг за да ги отстраните мртвите клетки и да ја подобрите апсорпцијата на активните состојки. Избегнувајте груби пилинзи кои можат да ја иритираат оваа чувствителна област.
Хидратација – Нанесете ја хидратантната крема што ја користите за лицето на деколтето. Серумите со хијалурон, витамин Ц или пептиди се идеални за зацврстување на кожата и намалување на дамките.
SPF секој ден – Не заборавајте да нанесувате крема со SPF на деколтето секое утро, дури и кога сте во затворен простор. Ова е најефикасниот начин за спречување на фотостареење, т.е. темни дамки на кожата на деколтето.
Масажа и ноќна нега – Лесната масажа при нанесување на кремот ја стимулира циркулацијата. Навечер, користете побогати формули со ретинол или колаген (доколку вашата кожа го дозволува тоа, се разбира) за да ја поттикнете регенерацијата.
Фото: Pexels.com