Еве кои намирници се заслужни за појава на замастен црн дроб и покачен холестерол
Експертите тврдат дека холестеролот не се појавува од намирниците што многумина ги обвинуваат за тоа, туку од нешто сосема друго што исто така му штети и на црниот дроб.
Еве која е главната причина за појава на холестерол и замастен црн дроб:
„Проблемот со замастен црн дроб не настанува поради масната храна. Тоа се огромни заблуди. Црниот дроб го претвора вишокот шеќер во масно ткиво. Холинот (витамин Б4), кој инаку се содржи во сланината, јајцата и месото, го распоредува тој холестерол и не му дозволува да остане во црниот дроб, туку го испраќа во масното ткиво, поради што доаѓа до појава на голем стомак, зголемен задник и слично. А кога не консумираме доволно од оние здрави масти што сме ги исфрлиле од страв дека ќе си го покачиме холестеролот, тогаш ќе добиеме замастен црн дроб“, откриваат експертите.
„Станува збор за таканаречен неалкохолен замастен црн дроб. Тогаш, замастениот црн дроб не може да функционира, не може да го прочисти нашиот организам од отрови, не може да се детоксифицира. Тоа се забележува по појавата на акни и мозолчиња на кожата, зголемен првут, слаби нокти, јадежи по телото“, предупредуваат докторите.
Тие истакнуваат дека добриот холестерол е неопходен за добра функција на организмот.
„Холестеролот не е нешто што природата го создала за да му наштети на човекот. На човекот му треба холестерол, од него се синтетизираат многу хормони, гради клеточни мембрани и неопходен му е на човекот. Но кога премногу го има лошиот холестерол со ниска густина – ЛДЛ холестерол, тогаш имаме проблем. Ако имате триглицериди, тоа не е од јадење свинско месо, туку од јадење овошје, многу леб, печиво, рафинирано брашно – тоа е проблемот“, објаснуваат докторите.
Кој е најдобриот начин за прочистување на црниот дроб и организмот?
Поврзани објави
„Сè е до храната! Многу е важно да водите уреден живот. Да внесувате доволно вода. На црниот дроб му треба многу вода – тоа е пресудно. Мора да внесуваме оптимално количество на растителни влакна, растворливи и нерастворливи. Мора да јадеме храна што е добра за црниот дроб.“
Докторите советуваат да ги исфрлите од исхраната сите јаглехидрати и вештачки шеќери за да успеете да го намалите нивото на холестерол и триглицериди.
„Јадете храна богата со здрави масти (домашна маст, маслиново масло, ладно цедени растителни масла), намирници богати со холин (сланина, јајца), јадете лосос, скуша, сите други здрави маснотии… Црниот дроб не може да се прочисти со сокови, особено ако се купечки. Тие се полни со фруктоза, а таа е најопасна за дебелеење. Фруктозата му дава слаткост на производот, но и маснотии на телото. Таа фруктоза ги покачува триглицеридите и холестеролот во телото“, објаснуваат тие.
Особено нагласуваат дека тоа не е истата фруктоза што ја внесуваме преку овошјето.
„Производителите ја претставуваат како овошен шеќер. Иста е по структура, но фруктозата што се додава во индустриските производи потекнува од пченка и не се добива од овошје“, заклучуваат докторите.
ФОТО: julien Tromeur / Unsplash