Натали Портман има 43 години и последниов период поминуваше низ тежок развод
Натали Портман (43) ја доби престижната награда за специјални таленти „Довил 2024“, а ѝ ја врачила актерката Изабела Аџани. Ова е уште една потврда за огромниот талент на Натали Портман, што го докажува и во секое филмско остварување.
Се чини дека не постои улога што оваа актерка не може да ја совлада, а „оскарот“ што ѝ стои на полицата го докажува тоа.
За овој настан, Натали облекла проѕирен фустан од сребрени нитни, кој достигнувал до петиците и имал предимензионирани ракави. Како и секогаш, изгледала неверојатно убаво и модерно.
Но додека професионалниот живот ѝ цути, љубовниот ѝ стагнира.
Имено, актерката неодамна помина низ развод од сопругот, кој ја изневерил со 20-тина години помлада жена.
Француските медиуми објавија дека сопругот на Натали, Бенџамин, имал афера со 25-годишната активистка Камила Етјен. Иако врската меѓу нив траела кратко, тоа толку ја повредило Натали што никако не можела да му прости на сопругот, кој на почетокот од нивниот брак дури и си ја променил верата поради неа.
Поврзани објави
Натали, која е прогласена за жена со најсовршени црти на лицето, одеднаш почнала да се сомнева во себе. Додека другите ја фалеле за изгледот и достигнувањата, на нејзиниот сопруг како да не му било доволно тоа. За да одбегне скандал околу разводот, Натали се обидела да скрие сè, но разводот бил неизбежен. Нема зборувано за тоа како се чувствувала, но во едно интервју изјави:
„Секоја жена која се чувствува како сите бродови да ѝ потонале, треба да има една Ријана покрај себе, која ќе ѝ каже дека е опасна ку*ка“.
На молбата од новинарот да појасни за што станува збор, Натали рекла дека Ријана ѝ пришла и ѝ кажала дека таа е единствената актерка која со невин начин на облекување може да направи дар-мар.
„Тоа беше голема работа за мене“, рекла Натали.
Погледнете го интервјуто во продолжение…
ФОТО: Инстаграм @natalieportman