Младиот пејач од Македонија, Кристијан Марковски заедно со својата колешка Ива Јокановиќ ги воодушевија сите.
Тие и двајцата освоија максимален број на гласови од жирито, со што директно се пласираа во третиот круг. И додека Кристијан е од тимот на Ѓорѓе Давид, неговата колешка со која настапи во дуел е од екипата на Снежана Ѓуришиќ.
Тие и двајцата беа пресреќни што поминаа во следниот круг, па заедно со своите ментори го прославија овој голем успех за нив, додека публиката цело време им аплаудираше.
Што се однесува до жирито, за Вики Миљковиќ во нијанса беше подобра Ива, додека пак за Цеца Ражнатовиќ – Кристијан.
Поврзани објави
„И емоцијата и твојот труд, навистина од срце ти дадов глас. Ива што се однесува до тебе, ме наежи уште во првата песна, а имаш само 18 години. Браво деца“, изјави Цеца.
На крајот се огласи и Ѓорѓе, менторот на Кристијан, кој ги пофали и Кристијан и Ива, но истовремено и ги предупреди дека токму затоа што се одлични пејачи од нив и најмногу се очекува, што воопшто не е лесно, посебно што и двајцата се млади и неискусни.
Фото: Јутјуб Принтскрин