Почетна Убавина и здравјеЕве зошто во нив се впуштаат мажите, а зошто жените – Убавина и здравје

Еве зошто во нив се впуштаат мажите, а зошто жените – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Луѓето најчесто изневеруваат во лето, а најголемата грешка е да се претпостави дека аферата која нема да се открие не може да и наштети на врската или бракот, бидејќи го менува начинот на кој тие ја перципираат врската…

Летното време и високите температури, како и оскудната облека, имаат големо влијание врз хормоните, а тоа е една од причините поради која луѓето се повеќе склони кон авантури, промискуитетно однесување и изневерување на постојаниот партнер. 

Летото е најсензуалното годишно време кога ја истакнуваме нашата еротика и повеќе заведуваме или сме поспремни да бидеме заведени од другите – вели сексуалниот терапевт Патрик Ванис. Тој тврди дека мажите се поподложни на летните предизвици, бидејќи сексуално ги возбудуваат првенствено визуелните дразби, како што се мини здолништа, тесни фустани, бикини или деколтирани маички на жените.

Патрик Ванис смета дека најдобриот совет за да се избегне фатална летна атракција или дружење за една ноќ што може да ја загрози квалитетната врска или брак е да ги избегнете можностите за нејзино остварување. – Во лето често има многу можности за изневерување, особено ако партнерите одат на одделни викенди или патуваат на места каде што никој не ги знае – вели Рут Хјустон, авторка на книгата „Дали те изневерува?“.


Поврзани објави

Најголемата причина зошто мажот ќе се впушти во летна афера е сексот и исклучиво сексот, па најчесто ќе ги привлекуваат слободоумни жени кои им изгледаат забавно и пред се привлечно, објаснува Хјустон.

Жените, пак, вообичаено не влегуваат во врска со намера да изневерат, но доколку создадат романтична приказна со странец кој се труди околу нив, опсипувајќи ја со внимание и комплименти додека партнерот ретко го прави тоа, големи се шансите да се вклучат во афера.

Што сега? Оние кои изневеруваат често претпоставуваат дека летните афери не и штетат на врската, особено ако се краткотрајни и ограничени само на секс. Но, дури и кај оние кои немаат каење, има очигледни промени во однесувањето како и размислување за врската во која се наоѓаат. Им се наметнуваат споредби, како и идеализирање на задоволството што го доживеале, поради што секојдневието со партнерот изгледа досадно и неинтересно.

Доколку, пак, измамениот маж успее да најде докази за неверство, предизвиканата штета станува трајна и довербата е нарушена, па ретките парови успеваат да ја преживеат измамата. Затоа, според Хјустон, незнаењето понекогаш е благослов, особено ако оној што изневерил нема намера да го повтори тоа и е свесен за своите грешки.