Јелена Карлеуша на Инстаграм сподели фотографија со бугарската ѕвезда и предизвика општа врева на социјалната мрежа.Во новата објава, Јелена се појавува во златен аутфит и бакнува маж со црна коса, а на прв поглед не може да се каже за кого се работи. Сепак, тоа е нејзиниот колега од Бугарија – Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, со кого го сними популарниот хит „Остављам те“.Се чини дека колегите се во одлични односи, и дека се’ уште се многу блиски, па Јелена во описот на сликата не го криеше задоволството од повторната средба:Мило ми е што те гледам, мојот бугарски брате, суперѕвездо, Азис! Каква ноќ во Цирих, ова треба почесто да го правиме! – таа напиша. Поврзани објавиАзис е една од најголемите ѕвезди во Бугарија. Порано се шминкаше и брадатаја бојадисуваше во руса боја, но денес целосно го сменил имиџот.Иако на прв поглед многумина помислија дека Јелена сепак пронашла среќа во љубовта, по разделбата со Душко Тошиќ, изгледа дека згрешиле.Фото: Инстаграм
Душко е ДАЛЕЧНО МИНАТО?! Јелена Карлеуша СЕГА ГО БАКНУВА овој познат маж! (ФОТО)
94