72
„Катимерини“, еден од најчитаните дневни весници во соседната земја, пишува дека Албанија станува популарна дестинација за грчките и италијанските туристи.
Грчките медиуми пишуваат дека Албанците во 1997 година ги напуштиле домовите за да избегаат од сиромаштијата, додека денес е поинаква ситуација. Оваа година италијанските и другите европски туристи, меѓу кои и Грците, ги полнат албанските плажи, искористувајќи ги ниските трошоци за превоз и сместување.