Почетна ВестиДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор на Гинекологија откако родилка скокна од првиот кат на болницата

ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор на Гинекологија откако родилка скокна од првиот кат на болницата

од nenad
1 минути читај за




Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор на Универзитетската клиника за гинекологија откако во неделата родилка скокна од првиот кат на болницата

   

Од Министерството за здравство информираат дека комисијата е на терен и се утврдува фактичката состојба.

По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана – велат од Министерството.

Како што вчера информираше директорката на Гинекологија, д-р Викторија Јовановска, станува збор за 39-годишна родилка која е во критична состојба.

    

На 30 јуни, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог и следена е согласно дадените препораки. Следниот ден пациентката била без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус, а на 2 јули на утринската визита се пожалила на слична симптоматологија како и на 30 јуни, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар.

Пациентката немала некои посебни психички проблеми, освен што била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето, што не е првпат, изјави д-р Јовановска.