Почетна ВестиАна Николиќ во лоша психичка состојба по хаосот: „Само плаче и спие, не сака да стане од кревет“

Ана Николиќ во лоша психичка состојба по хаосот: „Само плаче и спие, не сака да стане од кревет“

од nenad
1 минути читај за




Пејачката Ана Николиќ не е видена во јавноста откако имаше јавна војна со поранешниот менаџер Саша Мирковиќ, по што се појави видео на кое се гледа со рани и лузни на лицето.

   

Според српските портали, Ана е во тешка депресија и не сака да стане од кревет.

-На Ана веќе некое време не ѝ е добро, но видеото кое се појави на интернет ја докусури. Таа е во тешка депресија, само плаче и спие цел ден. Не сака да стане од кревет. Накратко разговарав со неа, таа ми рече: „Јас сум мртва жена… немам што да загубам“, вели извор близок на Николиќ, пренесува српски Блиц.

Изворот додава дека пејачката се затворила дома и одбива да комуницира дури и со нејзините блиски пријатели.

    

– Сакам да ѝ помогнам, но во моментов е толку лошо што таа не е подготвена за соработка. Многу ми е жал што минува низ толкав стрес – вели изворот.