Почетна МакедонијаДрвокрадците од велешко му ставиле моторна пила под вратот на шумски полицаец

Дрвокрадците од велешко му ставиле моторна пила под вратот на шумски полицаец

од nenad
1 минути читај за

„На 27.12.2024 во близина Велешко езеро, пријавените физички нападнале вработени во Шумска полиција, кои ги затекнале при бесправна сеча на огревно дрво, при што првопријавениот со нож нанел повреди на двајца шумски полицајци и истовремено се обиделе да ги нападнат и со моторна пила“, соопштија од МВР.

Обвинителството претходно соопшти дека дрвокрадците на еден од полицајците му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот.

„Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот“, соопшти ЈО.

Според полицијата, осомничените Б.З. (36), В.В. (18), С.З. (57) и еден малолетник, сите од Велес, се товарат за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.