Желбата за соработка во врска со уставните измени, како и понудата двете најголеми партии од “македонскиот” политичк блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од заедничка влада, го инспирираше Божидар Божиновски да напише најава за една серија која, како што вели, ќе ви ги насолзи очите.
-Две семејства, завојувани со генерации. Едно парче земја ги раздели, ги наорави непријатели. Но љубов ќе се роди онаму каде што најмалку се очекува. Кога сите мислеа дека војната меѓу двете семејства ќе продолжи чувствата стапија на сцена. После два состаноци се јави љубов на втор поглед помеѓу младиот научник вратен во својата земја Ковачевски и сопственикот на холдинг за производство на магла Мицкоски. Но дали семејствата ќе ја прифатат нивната љубов? Дали злата пакостничка дуи ќе ги раздели младите? Драма која ќе ви ја заледи крвта, ќе ви насолзи очите и забрза одлуката да се иселите од тука. – напиша Божиновски на Фејсбук.
