Почетна Убавина и здравје„Драгана Мирковиќ нема вистински пријатели на естрадата“ – вели Зорица Марковиќ! Еве и зошто

„Драгана Мирковиќ нема вистински пријатели на естрадата“ – вели Зорица Марковиќ! Еве и зошто

од nenad
1 минути читај за

Колешката ја поддржа одлуката на пејачката да слави без колегите од сцената

По раскошната свадбена прослава во Виена, организирана по повод венчавката на нејзиниот син Марко, Драгана Мирковиќ повторно е во центарот на вниманието. Она што многумина го забележаа е дека на свеченоста немаше ниту еден естраден колега, што предизвика лавина коментари.

Нејзината колешка Зорица Марковиќ смета дека оваа одлука е сосема исправна.

Паметно, тука покажа дека не е наивна. Радосните моменти треба да се чуваат за најблиските – за семејството и вистинските пријатели. На естрадата нема искрени пријателства, да не се лажеме,“ изјави Марковиќ.

Таа додаде дека голем дел од колегите од музичката сцена се собираат „чопоративно“ на секоја прослава, без вистинска блискост и искрена поддршка.


Поврзани објави

Драгана свесно се огради од тоа и јас ја поздравувам за таквиот став,“ порача Зорица, додавајќи дека секој кој навистина цени приватност би направил исто.

Сепак, Марковиќ истакна дека доколку нејзиниот син Илија се жени, таа би поканила малкумина колеги со кои има пријателство подолго од две децении.

Тоа се луѓе што никогаш не ме изневериле – Зорица Брунцлик, Кемиш, Весна Змијанац, Босанац… Пријателства кои траат со години и кои вредат повеќе од цела естрада,“ заклучи пејачката.

printskrin Youtube – blic mirkovic