Почетна ВестиДо ОЈО нема пријава за лица на платен список на ЈП„Комунална хигиена“, кои живеат во Германија

До ОЈО нема пријава за лица на платен список на ЈП„Комунална хигиена“, кои живеат во Германија

од nenad
1 минути читај за




До Основното јавно обвинителство не е стигната пријава за вработени во ЈП„Комунална хигиена“ кои земале плата од претпријатието, а живееле во Германија. Од ОЈО велат дека до нив се стугнати други пријави за случувањата во ЈП„Комунална хигиена“.„До овој момент, до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Доставени се неколку пријави поврзани со случувањата во наведеното јавно претпријатие и наводите веќе се проверуваат“, изјавија од Обвинителството.

   

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и директорката на ЈП2Комунална хигиена“ Косана мазнева Николиќ на прес конференција за случувањата во ЈП„Комунална хигиена“ кога вработените протестираа и одбиваа да го собираат сметот во Скопје, изјавија дека во претпријатието има вработени кои се на платен список, но кои живеат и работат во Германија.

„Јавното обвинителство ги поттикнува институциите надлежни за откривање на кривични дела да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што притоа ќе ги откријат. Исто така, и самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето се должни тоа да го пријават до надлежните органи“, изјавија од Обвинителството.