Таткото на Анџелина Џоли посакува мир за своите внуки и покрај постојаните караници меѓу неговата ќерка и поранешниот зет
Џон Војт, таткото на Анџелина Џоли, иако има многу напнат и турбулентен однос со својата ќерка, испреплетен со кавги и смирувања, многу е слаб на своите внуци и жал му е што веќе осум години ги поминуваат по судови, поради препирањата на познатите родители, а вечното јаболко на раздорот е поделбата на имотот.
Имено, тој директно преку медиумите му се обратил на некогашниот зет Бред Пит и го замолил да го прекине бракоразводниот спор, кој, како што истакнал, е „чиста глупост“, во име на стабилноста на децата.
„Знаете, мислам дека на децата им треба стабилност и мир. Ги сакам и ја сакам мојата ќерка. И сакам Бред да истапи и да го направи тоа што треба, а тоа значи да прекине со оваа глупост“, рекол таткото на актерката и додал:
„Жал ми е што не поминувам онолку време колку што би сакал со внуците.“
Анџелина не им обрнала големо внимание на татковите зборови, туку се пофалила со новиот работен ангажман. Имено, таа станала новото заштитно лице на брендот за убавина „Том Форд“.
Поврзани објави
Холивудската актерка станала првиот амбасадор од славните личности за Tom Ford Beauty откако се согласила да глуми во новата кампања за повторно лансирање на линијата кармини Runvai Lip Color, која почнува во септември. Анџелина инсистирала дека е голема обожавателка на нијансата Scarlet Rouge, која се гледа во новите реклами.
„Прекрасна е бојата и текстурата. Добри црвени усни и не ви треба ништо друго. Се носи со намера“, рекла Анџелина, а директорот на компанијата додал:
„Таа е привлечна за широка демографска група и има глобална привлечност. Ние сме интернационално брендирани и добро сме диверзифицирани ширум светот. А нејзиниот повик меѓу младите е многу интересен“, заклучил тој.