Почетна Убавина и здравјеСе приготвува многу лесно, а ОВАА состојка му дава посебен вкус (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Се приготвува многу лесно, а ОВАА состојка му дава посебен вкус (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Мора да го испробате рецептот за највкусниот турски колач од тавче што го воодушеви светот

Познато е дека во Турција можете да пробате некои од најубавите десерти на светот, а први на листата секогаш се баклавите. Меѓутоа, ви откриваме рецепт за необичен десерт од тавче што содржи една посебна состојка – сирење!

Состојки:

За тестото:

  • 140 г гриз
  • 300 мл топла вода
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 20 г брашно
  • 1 пакување прашок за печиво
  • прстофат сол

За сирупот:

  • 100 г шеќер
  • 100 мл вода
  • 1 резанка лимон

За полнењето:

  • 100 г моцарела
  • 40 г чедар кашкавал

За декорација:

Поврзани објави

Приготвување:

За да го приготвите тестото, во еден сад сипете 140 гриз, 300 мл млака вода, лажиче сув квасец, лажица шеќер и 20 г брашно, па сето тоа соединете го со миксер. Кога ќе добиете смеса без грутки, додајте пакување прашок за печиво, па сето тоа добро промешајте го. Така добиената течно-пенеста смеса покријте ја со пластична фолија и оставете ја да отстои 15 минути.

За сирупот, на тивок оган во тенџере сипете 100 г шеќер и 100 мл вода и добро промешајте. Потоа, додајте резанка лимон и оставете го сето тоа заедно да се вари 5 минути, па тргнете го од рингла.

За полнењето, искинете ги на ситни парчиња или изрендајте ги моцарелата и чедарот.

Земете малку подлабоко тавче и сипете 2 капки масло. Кога маслото доволно ќе се загрее, сипете во тавчето половина од смесата за тестото и почекајте да се испече за да добие благо златеникава боја, па префрлете го на чинија.

Повторете го истиот процес со преостанатата половина од смесата за тестото.

Кога и двете половини од тестото ќе се испечат, во чисто тавче загрејте масло и ставете една испечена половина, па преку неа посипете моцарела и чедар. Потоа, сето тоа преклопете го со другата половина од тестото. Така наредено печете го на тивок оган 5 минути.

Кога ќе се испече, пресечете го декоративно на триаголници и прелејте го со претходно приготвениот сируп, а потоа посипете мелени ф’стаци како декорација.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…