Илчо Гочевски, возач на Брза помош, почина од срцеви проблеми, непосредно по трагедијата што го потресе регионот
Кобната ноќ, по несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочано, Илчо неуморно превезувал повредени и настрадани, повеќето од нив малолетници и тинејџери. Без одмор, цели 40 часа сведочел потресни сцени што му оставиле неизбришлива трага. Кога конечно се вратил дома да се одмори, неговото срце не издржало – починал во спиење, оставајќи ги семејството и колегите во длабока болка.
Неговата сопруга Анета низ солзи ги споделила последните мигови што ги поминале заедно:
„Работеше без престан. Ми кажа дека е исцрпен и бараше инфузија за да може да продолжи со работа. Легна да одмори, но ми беше необично што не стана по четири-пет часа. Кога го викнав, не ми одговори…“, раскажала таа низ солзи.
Синдром на скршено срце – вистински медицински феномен
Иако често се користи како метафора за длабока тага, синдромот на скршено срце е препознаен како сериозен медицински проблем. Угледни кардиохирурзи објаснуваат дека екстремниот емоционален стрес може да предизвика нагло лачење адреналин, што доведува до стеснување на артериите и намалување на протокот на крвта во срцето, потенцијално предизвикувајќи инфаркт.
Во ситуации на голем стрес, како загуба на саканата личност или трауматичен настан, срцето може да доживее сериозен удар. Кај младите лица тоа е поретко, бидејќи имаат поеластични крвни садови, но во екстремни случаи може да дојде до смртоносни последици.
Поврзани објави
Синдромот на скршено срце првпат бил медицински препознаен во 1991 година и оттогаш сè почесто се бележи во случаи на големо емоционално и физичко исцрпување.
Заминувањето на Илчо Гочевски остави неизбришлива трага – не само кај неговите блиски, туку и во целата заедница, која го памети како херој со несебична пожртвуваност.
„Советот за сите оние што поминуваат низ такви емотивни ситуации е во тој момент да се обидат да земат некакво средство за смирување. Ако симптомите, како што е болка во градите и понатаму трае, нека побараат помош од кардиолог“, наведуваат докторите.
Терминот синдром на скршено срце или Тактсубо кардиомиопатија се користи од 1991 година, а американскиот психијатар Џорџ Енгел во далечната 1971 година ги опишал главните причини за скршено срц.
- стрес предизвикан од смрт или загуба на саканата личност
- закана од загуба на саканата личност
- акутна тага
- загрозеност на животот или закана од повреда
- загуба на статусот
- период по прекин на опасноста
- повторно обединување, триумф или среќен крај
Експертите посочуваат дека луѓето со веќе постоечки кардиоваскуларни болести се изложени на многу поголем ризик од синдром на скршено срце.