Почетна Убавина и здравјеДокторите тврдат дека можеме да доживееме здрава длабока старост со помош на овие правила – Убавина и здравје

Докторите тврдат дека можеме да доживееме здрава длабока старост со помош на овие правила – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

За да имате здрав и исполнет живот до длабока старост, следете ги овие 9 правила за долговечност

Докторите составиле листа на правила за долговечност – доколку ја примените, ќе можете да ги доживеете зрелите години здрави и витални. Еве кои се деветте тајни на долговечноста…

1. Ослободете се од лошите навики

Луѓето кои сакаат да бидат долговечни мораат да се откажат од лошите навики, како што се пушењето цигари и прекумерното консумирање алкохол. Ако сакате да пиете, подобро да одберете половина чаша квалитетно црно вино.

2. Симнете ги вишокот килограми

Неопходно е да се ослободите од вишокот килограми кои во староста не само што ја ограничуваат подвижноста, туку и лошо влијаат врз крвните садови и ги зголемуваат шансите за развој на дијабетес.

3. Движете се!

Движењето е уште еден чекор кон долговечноста. Можете да трчате, да вежбате, да танцувате, да играте тенис, да возите велосипед, да пливате или само да пешачите.

4. Развивајте го мозокот

Менталната активност иста така е корисна, ви овозможува да го одржите доброто помнење и трезвеното размислување. Решавајте крстозборки, составувајте сложувалки, решавајте загатки и учествувајте во квизови.

Поврзани објави

5. Почнете да се храните правилно

Мора да јадете повеќе ореви, бидејќи содржат посебни супстанции што ги штитат крвните садови и срцето од негативното влијание на холестеролот. Се препорачува да јадете пет ореви неделно. Англиските научници советуваат суви јаболка. Јадењето едно јаболко дневно го продолжува животот за три години. Па затоа, вреди да водите сметка за тоа што го јадете.

6. Смејте се

Смислата за хумор е клучот за оптимизмот и позитивното расположение, што е многу важно за здравјето.

7. Пејте, цртајте, везете

Креативните активности го стимулираат мозокот. Многу е корисно ако имате хоби што ќе ви овозможи да заборавите на проблемите и да нурнете во вашиот интересен внатрешен свет.

8. Редовен секс

Лекарите од Тајван препорачуваат редовен секс. Тоа ја забавува староста и го подмладува телото.

9. Внесувајте антиоксиданси

Тие значително го забавуваат процесот на стареење. Овие посебни супстанции ја спречуваат оксидацијата на различни органски соединенија и ги зајакнуваат клетките. Антиоксиданси има во зелка, праски, јагоди, морков, кајсии, зелен чај, брусница, калинка и риба.