– Со оглед дека се поклопуваат кампањите за претседателски и за парламентарни избори, законот е јасен дека има предизборен молк за претседателски избори на 22 април и трае до 24 април. Нема да се поклопи со молкот за парламентарни избори. Сметам дека ова е доволно објаснување затоа што претходно не кажав датуми за ништо и тоа би било нешто што е предвидено и во законот и во роковникот, рече на денешната седница на ДИК Даштевски.
За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната кампања за претседателските избори. Ова, како што појаснија минатата недела во ДИК, е уникатна и единствена ваква ситуација досега.Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април, кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.