Почетна Убавина и здравјеДоволно е да преземете само неколку основни мерки за да ја намалите можноста за каснување! – Убавина и здравје

Доволно е да преземете само неколку основни мерки за да ја намалите можноста за каснување! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Заштитата нека стане дел од секојдневната летна рутина – особено во вечерните часови, кога комарците се поактивни

Во летото поминуваме повеќе време на отворено и во природа, а се’ уште е актуелна и зголемената активност на комарците. Во период кога е прогласена епидемија на Западнонилска треска, вниманието кон заштитата од комарци е особено важно. Вирусот на Западен Нил најчесто се пренесува преку каснување од заразен комарец, па една од основните мерки е да се намали можноста за каснување.

Затоа, заштитата нека стане дел од секојдневната летна рутина – особено во вечерните часови, кога комарците се поактивни.

За заштита на кожата, практичен избор е Autan Family Care, наменет за семејна употреба и погоден за моменти кога престојувате на отворено, но и како заштита во затворен простор. Нанесувањето на репелент според упатството на производителот може да помогне во заштитата од каснувања од комарци.


Поврзани објави

Но, заштитата не завршува со кожата. Raid може да помогне во создавање попријатна средина во домот, особено во просториите каде што престојувате навечер. Со соодветна употреба според упатството, производите против комарци се практичен дел од мерките за намалување на нивното присуство во домот.

Покрај употребата на репеленти и средства против комарци, корисно е да се носи облека која покрива поголем дел од кожата, да се користат мрежи на прозорците и вратите и да се отстранува застоената вода околу домот, каде што комарците можат да се размножуваат.

Со неколку едноставни навики заштитете се себе си и најблиските.