Водителката Јована Јеремиќ без влакна на јазикот опиша какви искуства најмногу сака во кревет.
Популарната водителка прво раскажа какви мажи имаат најголеми шанси со неа.
Јас сум искрен човек и точно знам што барам. Кој ќе дојде во вашата емисија и ќе го каже ова. Никој. Не ни помислувам да се фолирам. Ако не е успешен, немој ни да ми се приближува. Што има просечниот маж да ми праќа пораки? Што да правиме ние двајца, можеме да соработуваме, но зборуваме за емотивни врски. Ќе ме изведе на вечера што не може да си ја дозволи. За што зборуваме? Тогаш ја губам сексуалноста. Не можам да спијам со човек кому му платив ручек. Така ја губам сексуалноста – изјави Јеремиќ.
Поврзани објави
Потоа се наврати на својот сексуален живот каде откри се во детали.
Јас сум страствена, многу емотивна и длабока. Многу длабока во секоја смисла на зборот. Интензивна и чудна. Сакам се да пробам и се да почувствувам. Не мислам само на внатрешните чувства. Сакам допир, бакнеж во вратот, тие работи многу ме палат. Јас сум цела сензуална, цела ќ се наежам. Многу го сакам пределот околу вратот, многу ми е секси. Мислам дека мажите многу го заборавија тоа. Заборавија да бидат сензуални, а тоа многу пали кај жените кои се страсни и сексуални. Не сакам ништо што е брзо и ништо што е агресивно. Делувам како да сум доминантна дама, но всушност сум потчинета во таа сексуална смисла. Сакам вистински да ме љуби и ние да бидеме едно – изјави Јеремиќ.
Фото: Фејсбук