18
10/09/2026 7:07
ФИНАНСИИ
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ќе има воведно обраќање на Регионалната конференција „Охрид 2026“.
Таа ќе биде и учесник на панел-дискусијата „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност“, посветена на буџетските приоритети, предизвиците за приватниот сектор и регионалните искуства.
На конференцијата ќе се разговара за актуелните економски предизвици и начините за зајакнување на фискалната отпорност во услови на зголемени притисоци врз економиите во регионот.
