На пуштањето на претседателскиот изборен штаб во Струга, доколку ја добие поддршката на граѓаните тој кажа дека ќе биде претседател на сите граѓани на Македонија. На политичките субјекти од власта и опозицијата рече дека ќе им предложи да потпишат национална платформа за македонските национални интереси, бидеќи, според него, тоа ни е повеќе од потребно во овој момент.
– Ќе работам на концептот да се формира едно независно тело од стручни експерти од Европската унија, кои покрај тоа што треба да се посветат на работење и анализа на сите пресуди во Стразбур против Република Бугарија за обесправеноста на македонските организации таму дополнително потпомогнати со наши домашни експерти да поработат и на времената рамка, која е во сила во моментот и нејзина адаптација на општо прифатливите општествени услови во Македонија, соглансо желбите на Македонските граѓани, рече Димитриевски.За него е нездозволливо како народ и како држава да бидеме негирани.
– Ние постоиме во континуитет како народ и како јазик со сопствена историја и култура и тоа е одраз на заложбите и борбите на нашите претци. Недозволиво е некој во 21 век, кој е член на ЕУ да не негира во континуитет, додаде претседателскиот кандидат на ЗНАМ.Затоа, нагласи, дека следната политичка елита, кој и да е на власт, треба сериозно да се посвети на ова поле и да ја разработи преговарачката рамка со ЕУ и билатералното прашање да се реши на релација Скопје – Софија