Светската ѕвезда приреди незаборавна музичка ноќ со спектакуларна продукција, пиротехника и визуелни ефекти пред преполната арена.
Дејвид Гета вечерва настапи во Скопје по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија, приредувајќи спектакуларно шоу пред преполната Национална арена „Тоше Проески“. Концертот беше распродаден, а според проценките, настанот привлече околу 50.000 посетители.
Публиката уживаше во најголемите хитови на еден од најпознатите светски диџеи, а атмосферата на арената достигна кулминација уште со првите тактови. Илјадници посетители во еден глас пееја и танцуваа, претворајќи го концертот во голема музичка прослава.
Поврзани објави
Спектаклот беше дополнет со моќна сценска продукција, светлосни ефекти, пиротехника и впечатливи визуелни елементи. Настапот е дел од „The Monolith Stadium Show“, специјално стадионско шоу со кое Гета настапува во рамките на прославата за 35 години независност.
Со преполната арена и атмосферата која се чувствуваше низ цело Скопје, концертот на Гета дефинитивно се претвори во една од најголемите музички вечери годинава. Вечерта за независноста продолжи со музика, светла и спектакуларни сцени пред десетици илјади посетители.
Screenshot Facebook