Дополнителен притисок создаваат и социјалните мрежи, кои постојано им покажуваат што имаат другите, а тие го немаат.
Почетокот на новата учебна година за многу родители значи и почеток на преговорите за нови патики, облека и додатоци кои „сите ги имаат“. Кога детето ќе се врати од училиште и ќе побара нешто што го имаат неговите другари, тоа не значи дека е разгалено. Според психолозите, зависта и потребата за споредување се нормален дел од растењето, особено кај децата и тинејџерите.
Психологот Ајлин Кенеди-Мур објаснува дека децата сè уште немаат доволно животно искуство за да разберат дека модата и трендовите постојано се менуваат. Облеката, играчките и другите предмети можат да им создадат и чувство дека припаѓаат во одредено друштво. Дополнителен притисок создаваат и социјалните мрежи, кои постојано им покажуваат што имаат другите, а тие го немаат.
Зависта може да се појави на различни начини – детето може постојано да се жали, да се споредува со другите, да ја исмева личноста или предметот на кој му завидува, но и да се повлече или да стане несигурно.
Поврзани објави
Кај помалите деца тоа понекогаш се манифестира со изливи на бес, додека постарите може да станат раздразливи или лути. Првиот чекор за родителите е да разговараат со детето, да му помогнат да го препознае чувството и да му објаснат дека зависта не го прави лош човек.
Психолозите советуваат родителите да ја градат самодовербата на детето преку пофалби за конкретниот труд, креативноста и неговите способности, а не само за постигнатиот успех. Важно е да се разговара и за разликата меѓу потребите и желбите, како и за семејните приоритети кога станува збор за трошење пари.
Понекогаш е во ред и да се попушти, особено ако предметот му овозможува на детето да се чувствува вклучено во друштвото, но уште поважно е да научи дека неговата вредност не зависи од тоа што го поседува.
dete Pexels Pixabay