Почетна ТехнологијаДетали за пожарот во Дебрца: Изгоре 77-годишна жена, а нејзината сестра е тешко повредена

Детали за пожарот во Дебрца: Изгоре 77-годишна жена, а нејзината сестра е тешко повредена

од nenad
1 минути читај за

Според информациите од МВР, во моментот на пожарот, во куќата биле нејзиниот сопруг и нејзината сестра, која се здобила со тешки повреди и била итно пренесена во болницата во Охрид.

   

„На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на Б.Н.(77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т.(79) и нејзината сестра Б.Н.(70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид“ соопшти МВР.Во гаснење на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.

Може да ве интересира и...