Директорот на Дирекцијата на слободните индустриски зони,Јован Деспотовски,одби да возврати на негативните коментари кои му ги упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по победата на парламентарните избори. Мицкоски рече дека странски компании кои сакале да вложат во зоните се жалеле од првиот човек на ТИРЗ како и тоа дека услов за влез на нови инвеститори во земјата „е оставката на првиот човек на зоните Деспотовски“. Мицкоски сепак го најави Деспотовски како иден лидер на СДСМ
Деспотовски рече дека ова нема да го коментира и дека е отворен за разговор за сите заинтересирани компании, а некои разговори веќе се во тек. Според актуелниот функционер, најдобар одговор на обвинувањата се резултатите кои слободните зони ги постигнале во последните осум години.
– Компаниите во Технолошко индустриските развојни зони во април годинава оствариле извоз од 300 милиони евра што е за осум проценти повеќе во однос на истиот месец лани и 21 процент повеќе во однос на април 2022 година, вели Деспотовски.
Ден по пбедата на парламентарните избори, првиот човењк на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски најави голема инвестиција во енергетиката, но и две странски инвестиции во слободните зони.