Почетна Убавина и здравјеДесет чекори до среќа: Не ги форсирај работите, се ќе се случи токму тогаш кога треба!

Десет чекори до среќа: Не ги форсирај работите, се ќе се случи токму тогаш кога треба!

од nenad
1 минути читај за

Треба да научиме да не ги форсираме работите, се ќе случи токму тогаш кога треба!

Морган Фриман еднаш кажал:„Да имав толку голем успех порано, веројатно многу лесно ќе изгорев во тој успех.

Се во животот има свое време. Веројатно целиот проблем е во тоа што не можеме да прифатиме и да бидеме доволно трпеливи, што времето во нашиот ум не може секогаш да се прилагоди на времето во реалноста. Кога човекот повеќе би водел сметка за процесите кои бараат свое време веројатно не би се откажувал толку брзо од своите соништа и би сфатил дека препреките имаат една подлабока причина.

Колку од нас би сакале на брзина да ги завршат студиите, имаат добро воспитани деца, успех на работа, квалитетни односи со другите …но реалноста која е полна со конфликти, порази, разочарувања,греши често не остава без здив. Обидувајќи се да дадеме се од себе за да успееме што побрзо сфаќаме дека не е се во нашиот труд. Животот не може да се забрза. Станување човек не може да се забрза, тоа стануваш кога си подготвен за сите предизвици.