Како да направиш сите да заборават на уставните измени и влезот на Бугарите во устав? Креирај нов поголем проблем, почни да ја викаш земјата Македонија наместо по уставното име. Крени ја на нозе Грција и цела ЕУ и цела западна заедница, јавноста и медиумите извади ги од памет, за потоа, да ретерираш од сето тоа и да кажеш дека сепак ќе го почитуваш преспански договор, тоа престави го како голема државничка мудрост и попуштање за ЕУ, притоа дозволи му на ВЛЕН тоа да го продаде како свој успех пред Албанците, и што добиваш, ем волкот сит ем овците број, нити Бугари у устав, ниту ВЛЕН поразени, ниту некој ќе се сети на Бугарите.
Браво, ВМРО ДПМНЕ биле махери за ПР, се махери за ПР и ми се чини ќе останат апсолутни генијалци за ПР, СДСМ се недораснати мали деца за сето ова за жал! Политиката пола е политички одлуки за народот а пола е ПР, и во втората половина ВМРО ДПМНЕ се како Новак Џоковиќ, ајде сега да видиме дали и за првото ќе се покажат следниве 4 години, јас посакувам да бидат успешни, ако направат нешто добро ќе бидат пофалени, да почекаме и да видиме.