Почетна МакедонијаДенес на СП: Италија ја чека најтешкиот испит, Катар на Вујовиќ ќе води битка за втора фаза

Денес на СП: Италија ја чека најтешкиот испит, Катар на Вујовиќ ќе води битка за втора фаза

од nenad
1 минути читај за




За репрезентацијата на Македонија денеска е ден за одмор, но натпревари на Светското првенство ќе се играат и денес и тоа во рамки од второто и третото коло. Репрезентацијата на Италија која по долга пауза се врати на Мундијалите веќе обезбеди втора фаза, а сега ја чека тежок испит со бранителот на светскиот трон, Данска. Нема дилеми дека Данците влегуваат како фаворит, но Италија сигурно ќе сака да докаже дека може да одигра на високо ниво и против најсилните селекции.За втора победа на Светското првенство ќе игра Словенија која ќе ја има фаворитската улога против селекцијата на Зеленортски Острови. Избраниците на селекторот Зорман во првото коло немаа проблеми и ја совладаа Куба со 41:19.

Австрија обезбеди втора фаза и денеска ќе се обиде во добро светло да се претсави против силната Франција која секако сака и трет триумф за бодови во втората фаза. Австријците претходно беа подобри од Кувајт и Катар, селекции кои денес ќе водат битка за третото место.

ДЕНЕС НА СП:
18:00 Алжир – Тунис
Франција – Австрија
Шпанија – Јапонија
Зеленортски Острови – Словенија
20:30 Чиле – Шведска
Данска – Италија
Исланд – Куба
Катар – Кувајт