Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изјави дека Ричард Нефју, координаторот за антикорупција на Стејт Департментот на САД, кој денеска беше во посета на Македонија, не ја откриваат листата на лица коишто ќе бидат на црната листа на САД за санкции. “Тој не е тука за откривање на имиња за црната листа, туку е тука да се дискутираат процесите, санкциите и протоколите на владата на САД за корупцијата“, рече Агелер. Амбасадата е во постојана комуникација со Вашингтон за прашањата на корупцијата. Таа потврди дека повеќе од едно лице очекува да биде на црната листа на САД и дека повеќе информации треба да дојдат од Вашингтон. “Не можам да ви дадам временски рокови, ниту бројки колку лица би биле откриени“, додаде таа.
Денесното време е облачно со дожд, а утрешното ќе биде постудено.
72