Почетна ЕкономијаДенеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor – МАКТЕЛ

Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor – МАКТЕЛ

од nenad
0 минути читај за

Нашиот разговор беше фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер.

Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот.

Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика.