Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 степени во Mаврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 3 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 7 степени.В недела претпладне наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот сончево и студено со мала облачност. Ќе дува умерен, претпладне долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.