Почетна ЕкономијаБачев: Да се сруши шупата наречена дискотека и на тој плац да се изгради Меморијален центар за жртвите, и казни затвор од 50 до 100 години

Бачев: Да се сруши шупата наречена дискотека и на тој плац да се изгради Меморијален центар за жртвите, и казни затвор од 50 до 100 години

од nenad
1 минути читај за

Претседателoт на Единствена Македонија д-р Јанко Бачев на социјалните мрежи даде свое мислење за тоа што после страшната трагедија:

„Што после страшната трагедија!? Според мене, #прво, треба веднаш да се сруши шупата наречена дискотека и на тој плац да се изгради Меморијален центар за жртвите, #второ, измена на Кривичниот законик со ново кривично дело во смила дека тој што ќе создаде група за вршење на кривични дела со цел присвојување на противправна имотна корист со уфрлување на нечисти пари во легалните финансиски текови ќе се казни со казна затвор од 50 до 100 години. Мислам дека тогаш некои работи ќе се решат!“, пишува Бачев на Facebook.