Ги остави сите без здив со својот смел стајлинг, а откри и смешни, но непристојни понуди што добивала поради изгледот.
Ивана Дудиќ беше дел од жирито на музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“, а нејзиниот стајлинг привлече огромно внимание. На себе имаше фустан со деколте скоро до пупок, без градник, што во еден момент изгледаше ризично.
Снимањето на новата сезона започна пред два дена, а Ивана Дудиќ на својот Инстаграм објави фотографии и видео од жирирањето, со широка насмевка на лице. Нејзиниот избор на облека, како што призна, честопати ѝ привлекувал непристојни понуди.
Човек сакаше да ми уплати пари на сметка, за да се најдеме во среде град, а тој да ми ги лиже чевлите. Во среде град! (смеење) Вели: „Сакам сите да гледаат“, а јас си велам: ‘Дали ова е реално?’“, раскажа Ивана Дудиќ, откривајќи како понекогаш се случувало нејзиното внимание да ја доведе до апсурдни ситуации.
Поврзани објави
Глумицата додаде дека дури и педикирката ѝ кажала:
Ма, ти си луда, прифати, да заработиме!“
И покрај тоа, Ивана Дудиќ продолжува да ги шокира медиумите и јавноста со своите смели и провокативни стајлинзи, особено на црвените килими.
printskrin Youtube – nikad nije kasno