Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветувањето за подобрување на инфраструктурата во образованието и активностите што се преземаат на тој план, изјави:„Што се однесува до Министерството за образование, тука имаме инвестиции од околу 2 милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 кои се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома.Дел од билатералниот стратешки договор со Обединетото Кралство, изградба на нов медицински факултет во рамките на новиот клинички центар во Штип и студентски дом со 200 легла. И очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, но и почетокот на изградбата на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза“, изјави премиерот.